Top Sport

Азар се извини на навивачите на Реал, вети дека пристигнал за да освојува титули

Еден Азар беше на „мета“ на навивачите на Реал Мадрид по појавувањето на снимките по 2:0 поразот од Челси, каде што тој беше насмеан со своите поранешни соиграчи од Лондон, нешто што според „кралевите“ покажува дека тој не е сериозен во кариерата во Мадрид.

Очигледно, критиките пристигнале до Белгиецот, кој преку Инстаграм се извини на навивачите на Реал и им вети дека пристигнал во Мадрид да се бори за големи титули.

„Се извинувам. Прочитав многу мислења за мене денеска и во ниту еден момент немав намера да ги навредам навивачите на Реал Мадрид. Секогаш сум сонувал да бидам играч на Реал Мадрид и пристигнав тука за да победувам. Сезоната уште не е завршена и сега мораме да се бориме за титулата во Ла лига. Hala Madrid“, напиша Азар.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Насмевката на Азар ги разгневи навивачите на Реал

Scroll to Top