Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не задоволен од начинот на кој Премиер лигата го реши проблемот со одложениот натпревар против Ливерпул. Солскјер не е задоволен од терминот во кој е закажан натпреварот.
Манчестер јунајтед ќе го пречека Ливерпул на 13.мај. Ова значи дека пред финалето во Лига Европа, фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе одиграат пет натпревари во две недели.
Манчестер јунајтед, во недела на 9.мај ќе гостува кај Астон Вила, два дена подоцна ќе го пречека Лестер, на 13.мај им е закажан натпреварот со Ливерпул, на 18.мај на „Олд Трафорд“ ќе пристигне Фулам, а во последното коло на 23.мај „црвените ѓаволи“ ќе гостуваат кај Вулверхемптон.
„Ова е скандалозно. Распоредот го прават луѓе кои никогаш не играле фудбал на врвно ниво. За играчите физички ова е невозможно. Сите ќе ни бидат потребни за тие натпревари, мораме да бидеме подготвени“, рекол Солскјер за „БТ спорт“.