Поранешниот фудбалер од средниот ред на Милан, Антонио Ночерино вели дека „голот дух“ кој не беше признаен против Јувентус во 2012 целосно ја сменил историјата на „росонерите“.
Ночерино смета дека Милан ќе чека повеќе од 10-те години кои ги чекаше Интер за титулата токму поради поништениот гол пред девет години. Во 2011/12 Милан беа вклучени во битка за титулата со Јувентус, кога се сретнаа во Милано во февруари.
Ночерино го постигна првиот гол за водство на тимот на Масимилијано Алегри, а Сали Мунтари даде гол во второто полувреме, гол кој беше поништен, иако очигледно ја помина линијата зад Џиџи Буфон. Наместо водство од 2:0, Милан примија гол во финишот на мечот и на крајот ја загубија титулата со 4 поени заостанување зад Јувентус на Конте, кој тогаш почна низа од девет титули.
„Не полудевме по натпреварот, туку веднаш по голот. Беше неверојатно што не го признаа тој гол, иако беше очигледен. Тој момент ја смени историјата на Милан. Со голот ќе го освоевме скудетото, а големите играчи, Златан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва немаше да заминат тоа лето. Клубот ќе инвестираше повеќе пари и ќе останевме конкурентни. Затоа тој ‘гол дух’ ја смени историјата на Милан“, вели Ночерино.
Од тој момент, Милан има само еден пласман во топ 4, завршувајќи на третото место следната сезона.