Сонот за обединување на титулите во тешка категорија на Ентони Џошуа со меч со американскиот „Бронзен бомбардер“ Дионтеј Вајлдер може да биде уништен од рускиот џин Александер Поветкин, откако неговиот промотер тврди дека се блиску до договор за меч за ВБА појасот на Британецот.
Џошуа би сакал да боксува со Вајлдер на „Вембли“ во септември со договор за обврзувачки ри-меч, но промотерот Вадим Корнилов вели дека веќе преговара со луѓето на Џошуа и дека има „многу големи“ шанси Поветкин да добие шанса за титула.
„Во моментов има преговори и мислам дека за една недела сѐ ќе се знае. Шансите се големи – Александер го саска овој меч и ќе направи сѐ да го добие, додека Џошуа нема опции да го избегне“, вели Корнилов.
Поветкин беше именуван за задолжителен предизвикувач за ВБА титулата по бруталниот нокаут над Дејвид Прајс во меч кој беше пред-меч на дуелот на Џошуа со Џозеф Паркер минатиот месец.
Поветкин е непоразен во 21 професионален меч и само позитивниот тест на допинг беше пречка што никогаш не доби шанса за меч за титула досега.