Интер стигна до рутинска, но добродојдена 4:0 победа над тимот на Каљари за да се искачи на третото место во Серија А со два поени предност пред Лацио и Рома.
Еден од четирите гола во мрежата го уфрли капитенот Мауро Икарди, со што Аргентинецот стигна до својот 25. гол во Серија А оваа сезона, со што стана првиот играч на Интер со над 25 гола по Златан Ибрахимовиќ (2008/09) и Роналдо (1997/98).
25-годишниот Икарди веќе има 106 голови во првата италијанска лига во 185 настапи, но првичните извештаи од Аргентина зборуваа дека капитенот Хорхе Сампаоли не смета на него поради „нетрпеливоста“ која ја носи во тимот.
Фото: ЕПА