Златан Ибрахимовиќ повеќе нема да игра за Милан оваа сезона. Ветеранот, го повреди коленото, во дерби мечот со Јувентус.
„Газета дело Спорт“, тврди дека не само што е завршена сезоната за Ибрахимовиќ, туку и дека тој може да го пропушти првиот меч на Шбедска на ЕУРО 2020. На 14.јуни, Шведска ќе игра против Шпанија.
Од друга страна тренерот Стефано Пило е сигурен дека Ибрахомовиќ ќе ги пропушти дуелите со Торино и Каљари, но дека може да се појави во тимот, во последното коло, кога Милан ќе игра против Аталанта.
39-годишниот напаѓач, неодамна го продолжи договорот со Милан. Сезонава тој одиграл 27 натпревари, постигнал 17 голови.