Кошаркарот на московски Химки – Алексеј Швед е добитник на признанието „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец во кошаркарската Евролига, соопштено е на сајтот на најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.
Русинот сезонава, иако неговиот тим беше убедливо последен во натпреварувањето, на 23 одиграни натпревари просечно забележуваше по 19,8 поени по меч, дури половина поен во просек повеќе од вториот во рангирањето – Мајк Џејмс од ЦСКА Москва.
За Швед ова е второ вакво признание откако најдобар стрелец во Евролигата беше и во сезоната 2017/2018.
Игор Ракочевиќ е единствениот кошаркар кој трипати ја освојувал оваа награда која е востановена од 2005 година, а освен Швед, двапати признанието беше во рацете и на Кит Ленгфорд.
For the second time in his career, @Shved23 wins the Alphonso Ford Top Scorer Trophy ?
19.8ppg was enough for the @Khimkibasket guard to collect his second award since 2017/18
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 12, 2021