Top Sport

Мис Аргентина со посебна почест за Диего Марадона

Алина Луз Акселрад, аргентинската убавица која ќе се натпреварува на Мис Универзум, реши да му оддаде почит на легендарниот Диего Армандо Марадона, кој почина пред шест месеци, но никогаш нема да биде заборавен од неговите сонародници.

На прелиминарното натпреварување за Мис Универзум, Акселрад дури покажа дека е умешна и со топката, радувајќи ги аргентинсктие навивачи.

„Немав привилегија да го гледам како игра, но заедно со моето семејство ги гледав сите најважни негови натпревари и неговите голови. Тој ни даваше радост и секогаш треба да се потсетуваме на страста, радоста и славата која ни ја донесе Марадона“, вели Акселрад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alina Luz Akselrad (@alinaakselrad)

Scroll to Top