Top Sport

Наполи триумфално во Фиренца, притисокот сега е врз Милан

Екипата на Наполи со победа од 2-0 попладнево во претпоследното коло од Серија против Фиорентина на гостински терен направи уште еден чекор поблиску до пласман во Лигата на шампионите идната сезона.

Иако тренерот на Наполитанците, Џенаро Гатузо на овој меч не му даде можност за игра на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, тимот од Неапол со головите на Инсиње (56 минута) и Зиелински (67) минута ги освои трите бода против „виолетовите“ и се искачи на третата позиција на табелата со собрани 76 бода на 37 меча.

Зад Наполи останува Милан кој сега има 75 поени на четвртата позиција (одигран меч помалку, оној вечер против Каљари), додека Јувентус останува петтопласиран исто со 75 бода, но и полош межусебен скор од „Росонерите“.

Фиорентина првенството со сигурност ќе го заврши во вториот дел од табелата.

Scroll to Top