Роберто Манчини официјално потпиша нов договор со кој ќе остане селектор на Италија до 2026 година, откако го предводеше „препородот“ на „аѕурите“ по срамниот неуспех за квалификување на Светското првенство во 2018 година.
Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина потврди дека Манчини ќе ги предводи „аѕурите“ на следните две Светски првенства и две Европски првенства.
„Најважно беше да се постави континуитет на работата во репрезентацијата. Победите секогаш се важни, но проектот е најважен. Манчини заврши одлична работа последните две години, што беше цел за почитување на нашите навивачи“, вели Гравина.