Top Sport

Претседателот на германската федерација си замина по „нацистичките“ коментари

Фриц Келер се повлече од позицијата претседател на Германската фудбалска федерација (ДФБ) по контроверзните „нацистички“ коментари.

64-годишниот Келер беше избран за претседател на ДФБ во септември 2019, кога немаше противкандидат, но беше под притисок на јавноста по навредливите коментари за потпретседателот на федерацијата, Рајнер Кох во април.

Келер го спореди Кох со „славниот“ нацистички судија Роланд Фрajзлер, креаторот на нацистичките „народни судови“ на состанок на бордот на федерацијата, по што му беше изгласана недоверба

„Како што најавив, ја оставам мојата позиција на претседател достапна за потребен нов почеток во Германската фудбалска федерација. Ја преземам одговорноста за коментарите на состанокот на 23 април, кои се случија во срамни околности за ДФБ, но мојата оставка нема да ги реши проблемите во германскиот фудбал“, објави Келер.

Кох и вториот потпретседател Петер Петерс ќе бидат преодни претседатели до 2022 кога ќе има избори за позицијата.

Scroll to Top