Неверојатни сцени на насилство во Истанбул. Навивачите на Фенербахче предизвикаа прекин на дербито со Бешикташ во полуфиналето на Турскиот куп, уште еднаш покажува дека во оваа земја фудбалот е нешто повеќе од обичен спорт.
Пред над 50 илјади фанови на „Шукру Сараџоглу“ стадионот Фенербахче и Бешикташ требаа да го одлучат патникот во финалето на Турскиот куп по првиот меч кој заврши 2:2. Меѓутоа, навивачите на Фенер не мислеа така, откако го погодија тренерот Шенол Ѓунеш по главата, предизвикувајќи хаотични сцени.
Резервниот голман на Бешикташ потоа тргна да се „вразуми“ со противничките навивачи, предизвикувајќи поголем хаос, по што полицијата мораше да ги заштитува „гостинските“ фудбалери.
FUTBOL TERÖRİZMİ @UEFAcom @FIFAcom @ChampionsLeague @Fenerbahce @Besiktas pic.twitter.com/CZniJ6h4my
— Forza BEŞİKTAŞ (@GURURLANNNN) April 19, 2018