Top Sport

ПСЖ ја освои и втората куп-титула во Франција, останува уште лигата

Пари-Сен Жермен по освојувањето на Францускиот лига куп, ја кренаа и титулата од Францускиот куп (Coupe de France) по 2:0 победата над Монако на финалето на „Стад де Франс“ во Париз.

Ова е втора титула и во кариерата на тренерот Маурисио Почетино, кому му останува надеж дека во последното коло од Лига 1, ќе успеат да ги поминат лидерите Лил за да ја заокружи тројната титула.

Креатори на победата на „светците“ беа Мауро Икарди и Килијан Мбапе – Мбапе прво му асистираше на Икарди во 19. минута, за потоа во 81. минута да стави печат на победата над тимот на Нико Ковач.

Scroll to Top