Top Sport

Олеснување за Пандев и другарите – Холандија без Ван Дајк на ЕП

Селекторот на фудбаската репрезентација на Холандија, Франк де Бур го соопшти списокот со 26 фудбалери на кои ќе смета на ЕП кое започнува на 11. идниот месец.

На 13 јуни „лалињата“ играат воведен меч со Украина, по што следуваат мечевите со Австрија и Македонија, а во составот на селекцијата ќе недостасува дефанзивецот од Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Еве кој се се најде на списокот на Де Бур:

ГОЛМАНИ:
Каспер Силесен (Валенсија), Тим Крул (Норич), Мартен Штекеленбург (Ајакс)

ОДБРАНА:
Најтан Ејк (Манчестер Сити), Дејли Блинд (Ајакс), Матијс де Лихт (Јувентус), Стефан де Фрај (Интер), Дензел Думфрис (ПСВ), Жулијан Тимбер (Ајакс), Патрик ван Анхолт (Кристал Палас), Жоел Фелтман (Брајтон), Овен Вијндал (АЗ Алкмар)

СРЕДЕН РЕД:
Френки де Јонг (Барселона), Мартен де Рон (Аталанта), Рајан Гравенберх (Ајакс), Деви Класен (Ајакс), Теун Купмејнерс (АЗ Алкмар), Дони ван де Бек (Манчестер Јунајтед), Жоржињо Вајналдум (Ливерпул)

НАПАД:
Стивен Бергиус (Феенорд), Лук де Јонг (Севилја), Мемфис Депај (Лион), Коди Гакпо (ПСВ), Доњел Мален (ПСВ), Квински Промес (Спартак Москва) и Вот Вегхорст (Волфсбург).

Scroll to Top