Јапонскиот тениски ас, Кеи Нишикори го победи Александер Зверев за да се пласира во финалето на Мастерсот во Монте Карло, каде што ќе се обиде да го направи невозможното – да го спречи Рафа Надал да стигне до 11. трофеј од славниот турнир.
Нишикори се врати од еден сет негатива за 3:6/6:3/6:4 победа над младиот Германец и прво Мастерс финале од Канада 2016 година откако последната сезона се мачеше со повреда на десниот зглоб. Нишикори еднаш го има победено Надал, во мечот за олимписката бронза во Рио во 2016 година.
Фото: ЕПА