Top Sport

Јокиќ и Риверс го вратија брејкот – Денвер води против Портланд

Кошаркарите на Денвер Нагетс победија во Портланд 120:11 и ја вратија предноста на домашниот терен против Трејлблејзерс. Денвер во серијата водат со 2:1.

Нагетс по поразот во првиот меч забележаа две победи предводени од својот најдобар играч Никола Јокиќ.

Најсериозниот кандидат за МВП наградата, натпреварот го заврши со 36 поени, 11 скокови и пет асистенции. Покрај Јокиќ клучен играч во победата беше и Остин Риверс со 21 поен. Риверс во последната четвртина со две тројки го одби налетот на Портланд.

Демијан Лилард за Портланд постигна 37 поени, Си Џеј Макалум 22, а Норман Пауел 18 поени.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');