Top Sport

Герет Бејл е на „попуст“, велат шпанските медиуми

Реал Мадрид очигледно се подготвени на сѐ да се ослободат од Герет Бејл, намалувајќи ја неговата цена на 70 милиони евра, тврди шпанскиот портал „Дон балон“.

Станува јасно дека за Велшанецот веќе нема место во тимот на Зинедин Зидан, и според „Дон балон“, претседателот на клубот Флорентино Перез сака што е можно побргу да го продаде на некој клуб од Премиер лигата, каде што Манчестер јунајтед е најпосакуваната дестинација.

Покрај Јунајтед, кои беа заинтересирани за купување на Бејл и минатото лето, во игра се и Тотенхем и Челси, а Перез веќе ги информирал дека почетната цена е 70 милиони евра, за 30 милиони помалку од тоа што го платија „Лос бланкос“, но перформансите не дозволуваат поголема сума. Останува да се види дали конечно ќе заврши и оваа трансфер-сага.

Фото: ЕПА

Scroll to Top