Џенаро Гатузо не ги криеше критиките кон неговите играчи по шокантниот домашен пораз од Беневенто, велејќи дека е „јасно“ дека се во надолна линија и дека „росонерите“ едноставно „играат без душа“.
Поразот од клубот кој практично веќе е во Серија Б посебно болеше бидејќи и на првиот меч со Беневенто, Милан прими гол во последните секунди од мечот за 2:2 реми на стартот на „патешествието“ на Гатузо.
„Јасно е дека одиме надолу. Кога играш без душа се посрамотуваш вака. Јас сум првиот што ќе ја преземе одговорноста, но кога ќе го анализираме мечот ќе се загубат сите алибија. Кога играте против клуб како Беневенто, кои играат добро иако се на последното место, морате да покажете малку посветеност. Не е важно дали ќе имам двајца или четири напаѓачи ако ја немаме силата да направиме нешто. Ние не наштетуваме на противниците. Сакам да се извинам на сите навивачи бидејќи не смееме да имаме вакви засрамувачки вечери со овој престижен дрес на нас“, вели Гатузо за „Медиасет“.