Top Sport

Келн го среди Кил – „јарците“ и идната сезона во Бундеслига

Тимот на Келн обезбеди опстанок во Бундеслигата. Во реванш баражот „јарците“ нагости со убедливи 5-1 славеа против Холштајн Кил и ја анулираа негативата од 1-0 од пррвиот натпревар одигран на домашен терен.

Резултатот беше отворен во 3 минута. Келн преку Хектор поведе со 1-0 и ја анулираше негативата од првиот меч.
Само една минута подоцна домаќините израмнија на 1-1 со голот на Ли-Јае-Сунг.

Сепак, фаворитот на двомечот со два гола на Андерсон поведе со 1-3, па следуваше погодок на Чикоз за 1-4, додека конечниот резултат го постави Шири во 84. минута.

Scroll to Top