УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов сакаше да го намали значењето на тензиите со чеченската гордост, Хамзат Чимаев, објаснувајќи дека никогаш не се сретнал со човекот кој му са закануваше дека ќе го „раскине“ минатиот месец.
Чимаев, кој е шведски државјанин, но е роден во Чеченија, минатиот месец предизвика контроверзи со заканата кон непоразениот Нурмагомедов при едно интервју со чеченскиот лидеер, Разман Кадиров, кој е близок пријател на Чимаев. Братучедот на Хабиб, Абубакар, реагираше луто на зборовите на Чимаев по обвинувањата дека Нурмагомедов е „проект на УФЦ“, велејќи му да биде внимателен со зборовите.
Нурмагомедов, кој претходно имаше одлични односи со Кадиров, кој му подари автомобил, вели дека не постојат проблеми.
„Мислам дека не беше потребно да се реагира на било кој начин. Секој има право на свое мислење и нека биде така. Не го гледав Рамзан Кадиров, туку само прочитав што напишаа медиумите. Како се чувствувам? Цел свет зборува за мене и не гледам некаква навреда во зборовите ‘проект на УФЦ’. Сите сакаат да го намалат моето значење. Не се разочарувам ниту од Чимаев. Никогаш не сум го сретнал тој човек, зборувавме неколку пати на телефон. Можеш да се разочараш само од некого кого го познаваш. Ако тој мисли така, нека пишува, тоа е негово право“, одговори смирено Нурмагомедов.