Голманот на Милан, Џиџи Донарума е најблиску до трансфер во Барселона, тврди „Тутомеркато“. Донарума, како слободен играч, во преодниот рок ќе го напушти Милан.
Барселона, минатата недела, испратиле понуда до голманот, кој најчесто се поврзува со трансфер во Јувентус.
Планот на претседателот Џоан Лапорта е јасен, бесплатно да го донесе Донарума и за добра сума да го продаде еден од најдобрите светски голмани, Марк-Андре тер Штеген.
Германецот, се опоравува од операцијата на тетивата. За да биде подготвен за наредната сезона тој реши да оди на операција и да го пропушти Европското првенство.
„Туромеркато“, тврди дека Барселона на 22-годишниот Донамура, му понудиле петгодишен доовор и плата од 10 милиони евра по сезона.