Top Sport

Англија без младата ѕвезда на Јунајтед на ЕУРО

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд е повлечен од „Гордиот Албион“ поради повреда, објавија денеска од клубот.

Гринвуд беше еден од 33-цата играчи кои селекторот Герет Бејл ги стави на поширокиот список пред Европското првенство.

За очекување е вечерва селекторот да го објави списокот со 26 имиња кои ќе бидат дел од националниот тим на ЕП.

„Внимателно ги следевме настапите на Мејсон за клубот. Понатамошен ангажман за репрезентацијата не би бил корисен за него и Мејсон останува во Манчестер за да се опорави и да се подготви за претсезонскиот тренинг“ – соопштуваат од таборот на „црвените ѓаволи“.

ЕП почнува на 11. овој месец и ќе трае до 11. јули и ќе се одржува во 11 европски градови. Еден од нив ќе е Лондон, а токму на „Вембли“ ќе се играат полуфиналните дуели и финалето.

Англија утре игра пријателска средба против Австрија, противникот на Македонија во првото коло од групата Ц на континенталниот шампионат, додека во недела пулените на Саутгејт ќе тестираат против Романија.

Англија на ЕП е во групата Д заедно со Хрватска, Чешка и Шкотска.

Scroll to Top