Top Sport

Дончиќ ги растури Клиперси, Атланта го елиминира Њујорк

Далас Маверикс ги победија Клиперси во Лос Анџелес со 105:100 и поведоа во серија со 3:2. На Истокот, Атланта со победата во Њујорк 103:89, ја доби серијата со 4:1

Домашниот терен не значи ништо во серијата помеѓу Клиперси и Далас. Маверикс ги добија првите две средби во Лос Анџелес, Клиперс возвратија со две победи во Далас.

Нов брејк, Маверикс направија изминатата ноќ, предводени од брилијантниот Лука Дончиќ. Словенецот со 42 поени, 14 асистенции и осум скокови го предводеше тимот до победата 105:100.

Покрај Дончиќ, двоцифрен ефект кај Далас имаше само Тим Хардавеј јуниор (20 поени).

Клиперси ги предводеа Пол Џорџ со 23 поени, 10 скока и шест асистенции, односно Каваи Ленард и Реџи Џексон со по 20 поени.

Шесттиот натпревар се игра во сабота, во Далас.

Атланта Хокс со победата во Њујорк 103:89 изборија пласман во конференциското полу-финале каде противник ќе им биде Филалделфија.

Тре Јанг со 36 поени беше најефикасниот играч на Антланта. Богдан Богдановиќ забележа девет поени, седум скока, пет асистенции, две украдени топки и една блокада. Кај Њујорк се истакна Џулиус Рендл со 23 поени и 13 скокови.

Scroll to Top