Фудбалерот на годината во Серија А, Ромелу Лукаку, ќе остане во Интер и наредната сезона.
Интер, поради финансиската криза ќе мора да продаде двајца или тројца од своите најдобри фудбалери. Поради кризата и неможноста, Интер да го задржи тимот што ја освои титулата, тренерот Антонио Конте си поднесе оставка.
Лукаку е еден од оние фудбалери за кои медиумите пишуваа дека ќе биде продаден. Белгиецот го тврди спротивното, нема намера да го напушти клубот.
„Ќе останам. Веќе имав разговор со човекот кој ќе биде нашиот нов тренер. Имавме позитивна конверзација“, рекол Лукаку.
Нов тренер на Интер ќе биде Симоне Инзаги, долгогодишниот тренер на Лацио.