Top Sport

Македонија ќе се бори за трофејот во Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација ќе се бори за трофејот во Европската сребрена лига. Во полу-финалето на завршниот турнир, кој се игра во салата „Парк“ во Струмица, Македонија ја победи Хрватска со 3:2 (15:25,25:19,25:22,21:25, 15:12).

Македонија го прежива натпреварот, благодарение на одличната игра во решавачкиот петти сет. Во

Во овој период на играта македонските одбојкари создадоа предност од шест поени, која до крајот не ја испуштија. Претходно првиот сет им припадна на Хрватите, потоа македонските одбојкари направи пресврт и поведоа со 2:1, по што Хрватите се изборија за решавачкиот сет.

Противник на Македонија во финалето ќе и биде победникот од второто полу-финале во кое ќе играат Унгарија и Данска.

Фото/facebook.com/volleyballmkd

Scroll to Top