Манчестер јунајтед успешно ги завршиле преговорите со Борусија Дортмунд, околу трансферот на Џејдон Санчо. „Мирор“, тврди дека англскиот репрезентативец ќе стане најскапото засилување во историјата на славниот клуб.
Борусија Дортмунд, минатото лето одбиле 130 милиони евра од Јунајтед за трансферот на Санчо, но ова лето поради финансиската криза, тие решиле да ја намалат цената.
Санчо ќе се пресели на „Олд Трафорд“ за 94 милиони евра. Досега најскап фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед беше Хари Мегваер, Јунајтед за него на Лестер им платија 87 милиони евра.
За да биде реализиран трансферот клубовите требало уште да ја договорат динамиката на плаќање. Клубот од Дортмунд во првата рата бара да биде исплатен најголемиот дел од трансферт, додека Јунајтед бараат тој да биде исплатен во повеќе рати.
Санчо е играч на Борусија од 2017 година. За клубот од Дортмунд одиграл 137 натпревари, на кои постигнал 50 голови.