Top Sport

Кејн: Англија е многу подобра од пред три години

Хери Кејн смета дека Англија е на „многу подобро место“ како тим од пред три години на СП во Русија, сметајќи дека може да се искористи ситуацијата во која „трите лава“ практично имаат домашен турнир.

Тимот на Герет Саутгејт е меѓу фаворитите за прва титула по повеќе од половина век, откако во Русија пред три години стигнаа до полуфиналето, а исто така освоија и бронза во Лигата на нации во 2019. Сепак, прво мора да се помине групната фаа, каде што противници им се Шкотска, Чешка и Хрватска и Кејн смета дека се посилни

„Во моментов сме на подобро место. Пред Светското првенство не знаевме каде сме како тим, но имавме добар настап. Мислам дека сега имаме повеќе искуство, повеќе фудбалери со големи мечеви за нивните клубови и играчи кои го почувствувале притисокот. Знаеме дека не очекува напорна работа, но имаме добар менталитет пред големото натпреварување“, вели Кејн.

Scroll to Top