Германија „загреана“ ќе го започне ЕУРО 2020, откако во последниот тест пред стартот на европскиот шампионат, со 7:1 ја совладаа Летонија во пријателски меч во Диселдорф, кој беше јубилеен за нивниот фантастичен голман, Мануел Ноер, кој го одигра 100. натпревар во националниот дрес.
Против релативно далеку послабиот противник, „маншафт“ почнаа фантастично со три гола во осум минути – Робин Госенс во 19. минута, Илкај Гундоган во 21. минута и Томас Милер (со својот прв репрезентативен гол од 2018) во 27. минута го најавија правецот на натпреварот. Во 39. минута, Летонците си постигнаа гол, додека Серж Гнабри во 45. минута осигура на полувреме да се отиде со 5:0 предност.
Тимо Вернер, напаѓачот на Челси кој стана „меме“ по големите промашувања оваа сезона во 50. минута зголеми на 6:0, пред во 75. минута Алексеј Савелјевс да постигне утешителен гол за Летонците, за Лирој Сане само минута подоцна да ги постави конечните 7:1.