Српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ полека го наоѓа вистинскиот ритам од трансферот во европскиот првак Фенербахче. Гудуриќ имаше значајна улога во триумфот на Фенер во градското дерби до Анадолу Ефес (81:70).
Поранешниот играч на Црвена звезда во победата над Ефес постигна 10 поени, вклучувајќи ја тука и важната тројка во финишот на натпреварот.
Додека Гудуриќ ја прославуваше тројката, на клупата го чекаше како рис лутиот тренер Жењко Обрадовиќ.
Најтрофејниот европски тренер му бил лут на Гудуриќ бидејќи во претходната акција одиграл исклучително лошо во одбраната и не успеал да го сопре Крунослав Симон.
За трансферот на Марко Гудуриќ, Фенербахче издвои сума од 1,2 милион евра.