Top Sport

Венгер: Англија може да ги запре Французите

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен венгер, смета дека Англија може да ја запре Франција на Европското првенство, на патот кон трофејот.

Англија, во првата фаза, ќе игра во Д-групата против Хрватска, Чешка и Шкотска, додека Французите се во Ф-групата на смртта заедно со Португалија, Германија и Унгарија.

„Францусите не се само фаворити, тие се супер-фаворити. Не е доволно да се каже дека се фаворити, бидејќи се светски шампиони и во своите редови ги имаат Канте, Погба, Бензема, Гризман, Коман, Жиру, Дембеле…На клупата ќе имаат 11 играчи кои во секоја друга репрезентација би биле стартери. Не можете да го одбегнете фактот дека се светски шампиони и дека овој тим се уште не го достигнал врвот. Тие и понатаму растат како тим, млади се. Само двајца-тројца се искусни играчи, останатите се млади“, рекол Венгер и потоа појаснил зошто Англија ќе им биде голема закана.

„Англиската репрезентација ќе им биде најголемата закана. Англија има топ фудбалери. Можеби за нијанса се помлади, но со Маунт, Фоден, Грилиш, Рајс и Кејн, тие можат да се носат со Франција“, рекол Венгер кој сега работи во ФИФА, како шеф на тимот за глобален развој.

Франција турнирот ќе го отвори на 15.јуни против Германија, додека Англија, два дена претходно ќе игра против Хрватска.

Scroll to Top