Голден Стејт Вориорс и Филаделфија изборија пласман во конверенциските полу-финалиња, откако ги добија четврт-финалните серии против Сан Антонио Спарс, односно Мајами Хит со 4:1. На чекор до пласман во полу-финалето на Истокот се и Бостон Селтикс по водството од 3:2 над Милвоки Бакс.
Филалделфија забележа уште една убедлива победа над Мајами, 104:91, и прв пат по 2012 година ќе игра конференциско полу-финале.
Еден од најискусните во тимот, Џеј Џеј Редик го предводеше тимот со 27 поени, а младиот Џоел Ембид забележа 19 поени и 12 скока.
Кај Мајами се истакна Кели Олиник со 18 поени, осум скока и шест асистенции.
Филалделфија во полу-финалето ќе игра против победникот од серијата помеѓу Бостон Селтикс и Милвоки Бакс.
Бостон и Милвоки одиграа уште еден тесен натпревар, славеа Селтикс 92:87. Бостон во текот на целио меч имаше предност, а Милвоки во ниту еден момент не успеа да воспостави рамнотеѓа на теренот.
Ал Хорфорд со 22 поени и 14 скока, односно Тери Розир со 16 поени беа најефикасни кај Селтикс. На овој дуел по долгата пауза поради повреда во редовите на Бостон се врати Маркус Смарт. Тој дуелот го заврши со девет поени, пет скока, четири асистенции и три блокади.
Најефикасен кај Милвоки беше Крис Мидлтон со 23 поени, додека Јанис Адетокумбо забележа 16 поени, 10 скока и девет асистенции.
Голден Стејт, благодарение на Кевин Дурент и Дрејмонд Грин победи во петтиот меч од серијата со Сан Антонио 99:91.
Екипата на Стив Кер во полу-финлето на Западот ќе игра против Њу Орлеанс Пеликанс.
Спарси во најголем дел од мечот беа во минус, на една минута до крајот се доближија на 93:91, но Дурент не дозволи пресврт.
Дурент постигна 25 поени, Томпсон 24, а Дрејмонд Грин забележа 17 поени, 19 скока и седум асистенции.
Сан Антонио го предводеше Ламаркус Олдриџ со 30 поени и 12 скока.