Top Sport

Виера: Не би го одбил Арсенал

Патрик Виера, играчка легенда на Арсенал е подготвен да го наследи Арсен Венгер на менаџерската позиција. Прославениот француски фудбалер во моментов е тренер во САД, во екипата на Њујорк сити.

„Ако прашањето е дали сум подготвен да го преземам Арсенал, одговорот е да, подготвен сум“, рекол Виера, дополнувајќи дека по ова прашање не го контактирал никој од Арсенал и дека има договорт за уште една сезона со американскиот тим.

„Договорот со Њујорк сити важи до крајот на годината, не знам што ќе биде потоа. Кога твоето име се поврзува со најдобрите европски клубови тоа значи дека луѓето ја следат твојата работа и дека постигнуваш добри резултати. Сепак, најдобро е да се сконцентрирам на она што го работам во моментов“, заклучил Виера.

Патрик Виера девет години го предводеше Арсенал. За лондонскиот клуб одиграл 279 натпревари и постигнал 29 гола. Во кариерата играл и за Милан, Кан, Јувентус и Манчестер сити каде ја заврши кариерата.

Scroll to Top