Top Sport

Играч на Менхенгладбах ќе биде замената за Вајналдум

Ливерпул во Германија најдоа замена за Жоржињо Вајналдум, кој кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.

Менаџерот Јирген Клоп, побарал да му го донесат Глоријан Нојхаус од Борусија Менхенгладбах. Според „Трансфермаркт“, 24-годишниот германски репрезентативец има цена од 40 милиони евра.

Новинарот на германски „Спорт 1“, Флоријан Плетенберг, тврди дека клубовите ги започнале преговорите.

Според овој извор, Ливерпул се уште не испратиле официјална понуда, веројатно тоа ќе го направат по завршувањето на Европското првенство.

Scroll to Top