Фудбалски навивач од Англија е уникатниот колекционер за кој пишува Европа – набавил по едно шише пиво од сите 24 земји учеснички на Европското првенство кое започна вчера, а кое ќе трае до 11 јули.
„1 турнир, 24 земји, 24 пива. Ајде да го направиме тоа!“ – напиша фанот облечен во дрес на „Гордиот Албион“.
Тој на Твитер ги објави пивата, но сподели и фотографија од имињата на сите пива со знаме од земјата.
1 tournament. 24 countries. 24 beers. Let's do it! pic.twitter.com/65VCCETHvI
— Gys (@ballstothis) June 11, 2021