Фудбалерите на Чивас Гвадалахара, по пауза од 56 години, повторно ја освоија титулата во КОНКАКАФ зоната. Мексиканскиот тим, во финалниот реванш по изведувањето на пенали, го победи Торонто 4:2, откако мечот по 120 минути заврши со победа на домашниот тим 2:1. Со идентичен резултат Чивас го доби првиот меч.
Мексиканците имаа можност да го решат победникот во регуларниот дел, бидејќи имаа предност 1:0 со голот на Пинеда од 19.минута.
Меѓутоа до крајот на првото полувреме Торонто направи пресврт преку Алтидор и Џовинко.
Во вториот дел немаше голови, а гостите беа оштетени бидејќи судијата не го виде моментот кога играч на Чивас го удри Џовинко.
Во пенал серијата за Торнто погодија само Џовинко и Делгадо во првата и третата серија, додека во втората и четвртата серија непрецизни беа Осорио и Бредли.
За Чивас сигурни пеналџии беа Освалдо, Годинес, Пулидо и Салдивар.