Вечерва, на ЕУРО 2020, на програмата е првото вистинско дерби. Во Ф-групата ќе се соочат последните два шампиони на светските првенства, Германија и Франција.
Французите, според прогнозите, се најголемите фаворити за освојување на титулата, додека Германија е фаворит од сенка, со оглед на резултатите што ги има во изминатите неколку месеци.
„Полни со самодоверба дојдовме во Минхен. Навистина е посебно што ќе играме против светскиот првак Франција во првиот меч, во нашата група. Лично, ме радува што ќе има навивачи на трибините. Со нетрпение го чекам почетокот на натпреварот“, рекол германскиот селектор во заминување Јоаким Лев.
„Имаме квалитетен тим. Балансот е добар, ги имаме Вернер и Сане во нападот, тоа се играчи кои решаваат натпревари. Потоа тука се Хаверс, Милер и секако Гнабри. Мислам дека двете екипи се опсни во напаѓачкиот дел. Морате да биде внимателни, не смеете да го испуштите својот играч, мората да биде внимателни секоја секунда, во спротивно било кој од напаѓачите може да постигне гол“, заклучил Лев.
Натпреварот Германија-Франција, во Минхен, ќе започне во 21 часот.