Top Sport

Атлетико со десет играчи издржа во Лондон, Марсеј сигурен против Салцбург (видео)

Шансите Арсен Венгер да се збогува со Арсенал со титула од Лигата на Европа не изгледаат најдобри по првиот меч од полуфиналето против Атлетико Мадрид, откако шпанскиот клуб издржа со 10 играчи речиси цел натпревар за да има 1:1 по првиот меч. Во второто полуфинале, Марсеј со 2:0 го совлада Салцбург за со оптимизам да патува во Австрија.

Шиме Врсаљко можеше да биде трагичар на мечот, откако за само 10 минути доби два жолти картони и ги остави „јорганџиите“ со играч помалку на теренот на Арсенал. На домаќините им беа потребни повеќе од 50 минути да го „скршат“ отпорот на Атле, откако Александер Лаказет по одличното нафрлање на Вилшир го совлада Облак во 61. минута од мечот.

Но, Антоан Гризман уште еднаш покажа колку вреди за тимот на Диего Симеоне (кому исто така му беше покажан патот кон трибините), откако во 81. минута по една долга топка во половината на Арсенал израмни за ветувачки 1:1 пред реваншот на „Ванда метрополитано“.

Марсеј пак, сакаше да го реши двомечот со изненадувачки цврстите Ред бул Салцбург уште во првиот меч, и тоа делумно им успеа откако со пристојни 2:0 ќе патуваат на реваншот.

Флоријан Тован уште во 15. минута даде гол со глава по додавањето на Паје за водство на Французите, пред Клинтон Н’Џи да го постигне конечниот резултат во 63. минута повторно благодарение на Дмитри Паје.

АРСЕНАЛ-АТЛЕТИКО

МАРСЕЈ – САЛЦБУРГ

Scroll to Top