Top Sport

Де Брујне подготвен за Данска

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Маринез, потврдил дека Кевин Де Брујне ќе биде подготвен да настапи на натпреварот со Белгија.

Фудбалерот на Манчестер сити, го пропушти првиот меч на ЕУРО, поради повреда, која ја заработи во финалето во Лигата на шампионите.

Според селекторот, Де Брујне, ќе добие шанса во второто полувреме.

„Тој е подготвен, доби зелено светло од лекарите. Прашање е само колку Кевин може да игра и како да го искористиме два пати во пет дена за да дојде до оптималната физичка форма. Во иста ситуација се наоѓа и Аксел Витсел, а нешто поинаква е ситуацијата со Еден Азар, бидејќи тој настапи и во пријателскиот меч против Хрватска, а играше и против Русија.

Белгија, од 18 часот, ќе гостува во Копенхаген во натпревар од второто коло, во Б-групата.

Scroll to Top