Кристијан Ериксен, вчера ја напушти болницата во Копенхаген, а попладнево решил да ги посети соиграчите од репрезентацијата. Ериксен се појавил на тренингот на националниот тим.
Кристијан Ериксен, минатата сабота, колабираше во текот на натпреварот Данска-Финска. Десет минути го реанимираа на теренот, а потоа беше префрлен во болница. Пред три дена беше успешно опериран, лекарите му вградија дефибрилатор кој ќе ја следи работата на срцето.
Денешната негова посета ги изненадила репрезентативците на Данска. На тренингот дошол со сопругата и двете деца.
„Не знаев дека ќе дојде. Кога го видовме престанавме да тренираме. Изгледаше добро, беше добро расположен. Тоа не целата екипа и даде позитивна енергија. Можевме да го прегрнеме. Ова беше еден многу убав ден, тоа ни беше потребно“, рекол играчот на Данска, Кристијан Норгард.