Рајо Валјекано, клубот на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, е третиот нов шпански прволигаш за 2020/21, откако клубот од мадридските предградија успеа да направи вистински подвиг и на гости да ги победи Џирона со 2:0, по првиот меч во кој дома загубија со 1:2.
Рајо ќе се приклучи на Еспањол и Мајорка во новата сезона на Ла лига, откако тие два клуба успеаја да се пласираат како први и втори во Сегунда минатата сезона.
Алваро Гарсија во седмата минута донесе водство за Рајо, пред Оскар Трехо во финишот на полувремето да зголеми на 0:2. Ситуацијата стана критична за гостите, кога Емилијано Веласкез доби втор жолт картон, но клубот на нашиот репрезентативец успеа да изддржи за голема победа.