Top Sport

Фетел на пол-позицијата во Азербејџан

Возачот на Ферари Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Азербејџан. Лидерот во генералниот пласман ја освои 53. пол-позиција во кариерата. Низ улиците на Баку најбрзиот круг на Германецот изнесуваше 1:41:498 минути.

Траката во Азербејџан од првиот старетн ред, веднаш до Фетел, ќе ја започне возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Актуелниот светски првак зад Фетел доцнеше 159 илјадити делови од секундата.

Во вотриот ред се Валтери Ботас и Даниел Рикардо, а зад нив се Макс Верстапен и вториот возач на Ферари Кими Раиконен.

Пласман меѓу првите десет изборија уште Окон, През, Хулкенберг, Саинц. Хулкенберг, иако го освои деветтото место, ќе стартува од 14.позиција бидејќи го смени менувачот.

Трката низ улиците на Баку, в недела, ќе започне во 17:10 часот.

Scroll to Top