Тони Крос го откри разговорот со Кристијано Роналдо по 4:2 победата над Германија над Португалија во саботата, кога двајцата со рацете ги скрија устите и разговараа неколку минути, пред да им се приклучи и Пепе за обединување на поранешните соиграчи од Реал Мадрид.
„Играв со Роналдо четири сезони и нема да претерам кога ќе кажам дека го имав најголемиот успех со него и благодарение на него. Бевме соседи во соблекувалната во тој период и ми беше мило да се видиме, бидејќи не сме зборувале одамна, Реал не играл со Јувентус. Зборувавме за преостанатите мечеви и му посакав среќа и квалификување во следната рунда. Исто така го распрашав за Италија и како му одговара, бидејќи веќе три години е таму“, вели Крос.
Крос и Роналдо беа клучни членови на тимот на Реал кој освои три титули од Лигата на шампионите во низа од 2016 до 2018 година.
Seeing Ronaldo & Kroos talking pulled at the heart strings little. Too many departures in recent… #Madridistas pic.twitter.com/9ZAhe55cdS
— Manshen Konyak ?? (@Manshen_k) June 20, 2021