Top Sport

Холандија води по очигледниот недосуден фаул над Пандев

Холандија успеа да стигне до 1:0 водство против Македонија во 24. минута со голот на Мемфис Депај, но целата акција е многу контроверзна, откако започна по остриот фаул над капитенот Горан Пандев пред шестнаесетникот на Холандија.

По ова се направи проверка преку ВАР системот, кој уште позачудувачки покажа дека не се работи за фаул.

Претходно немавме среќа кога ударот на Александар Трајковски заврши во стативата на Холандија.

Одиме понатаму!

Scroll to Top