Top Sport

Депај не казни, Македонија со одлично прво полувреме во Амстердам

Македонија губи со 0:1 од Холандија во Амстердам по првите 45 минути од последниот наш меч на ЕУРО 2020, откако среќата не не посака, а во исто време ВАР-системот застана во „одбрана“ на домаќините.

Единствениот гол падна во 24. минута, кога по еден фаул на работ на шестнаесетникот на Дејли Блинд над Горан Пандев, романскиот судија Ковач реши дека не се работи за фаул, по што по една брза контра, Мемфис Депај го совлада Столе Димитриевски.

Македонија имаше многу одлични моменти – Иван Тричковски уште во 9. минута го совлада Стекеленбург, но ВАР системот одреди минимален офсајд, а потоа пред голот на Депај, Александар Трајковски ја стресе десната ставива.

Во 42. минута од мечот, Депај, новиот фудбалер на Барселона, имаше фантастичен „слалом“ во нашиот шестнаесетник, но за среќа Димитриевски беше на место, како и неколку минути подоцна кога излезе надвор од шестнаесетникот за да спречи пробив на одличниот напаѓач.

 

Scroll to Top