Top Sport

Мбапе ја загубил довербата во ПСЖ, сака нов предизвик

Килијан Мбапе е подготвен да замине од Пари Сен-Жермен бидејќи ја загубил довербата во проектот на богатиот француски клуб и би сакал да се обиде со нов предизвик, тврди француската „РМЦ спорт“.

Според нивните извори, главен проблем на фудбалерот не е тренерот Маурисио Почетино, туку спортскиот директор Леонардо, и доколку не направи трансфер ова лето, тогаш следната година ќе замине како слободен играч.

Катарските газди на клубот не сакаат да го продаваат Мбапе и се надеваат дека ќе го убедат да остане, но и покрај огромната финансиска моќ на клубот, тешко е да се верува дека ќе дозволат тој да замине бесплатно, посебно бидејќи за него платија 180 милиони евра, со што уште е вториот најскап играч во историјата зад соиграчот Нејмар.

Scroll to Top