Целосен распад во еднаш стабилниот премиерлигаш, Сандерленд, откако клубот испадна во третата англиска лига.
Колмен, поранешниот селектор на Велс, заедно со неговиот помошник Кит Симонс беа повикани минатото лето во обид тимот да се врати бргу во Премиер лигата, но наместо тоа имаа катастрофална сезона во која победија само шест пати и примија 80 голови.
„Можеби оптимизмот беше слеп. Не бевме доволно добри, тоа е сигурно“, изјави неодамна Колмен.
Сандерленд исто така покрај отказот за Колмен, потврдија дека сопственикот Елис Шорт го продава клубот.
„Не е тајна дека се обидував да го продадам Сандерленд, но чекав додека дојде вистинскиот инвеститор со искуство, финансии и план да го крене овој голем клуб на местото каде што заслужува. Клубот нема долгови и со вакви фанови и поддршка заслужува брзо враќање во Чемпионшип и во Премиер лигата“, се вели во соопштението на Шорт.