Top Sport

„Би-Би-Си Спорт“ го смести Алиоски во идеалниот тим на ЕП по групната фаза

Големо признание за левиот бек на македонската фудбалска репрезентација, Езѓан Алиоски по завршувањето на групната фаза на ЕУРО2020.

Иако Македонија која настапуваше во групата Ц на шампионатот доживеа три порази во исто толку меча, играчот на Лидс Јунајтед заслужил место во идеалната постава на ЕП во изборот на „Би-Би-Си Спорт“.

Освен Алиоски, во Топ 11 поставата има место и за дефанзивците Спинацола (Италија) и Кјаер (Данска).

Голманот на Данска, Каспер Шмајхел е меѓу одбраните.

Во средниот ред во овој избор има место за Клих (Полска), Де Брујне (Белгија), Вајналдум (Холандија) и Локатели (Италија).

Нападот е предводен од Имобиле (Италија), Лукаку (Белгија) и Исак (Шведска).

„Би-Би-Си Спорт“ изборот го направил откако ги прашале читателите кој играч со која оценка би го оцениле.

Алиоски има оценка 8,19, единствен подобро оценет од него е Белгиецот Кевин Де Брујне (8,36).

Scroll to Top