Top Sport

Мората: Ми праќаат ужасни пораки, се надевале дека моите деца ќе умрат!

Напаѓачот на шпанската фудбалска репрезентација, Алваро Мората на ЕУРО 2020 проживува тешки моменти затоа што поради неговите промашувања стигнуваат смртни закани за него, но и за неговите најблиски.

Мората промаши пенал против Словачка, а имаше уште неколку нераализирани шанси. Поради неискористените зицери тој подол период е мета на навивачите, но се чини има навивачи кои претеруваат со морбидните пораки.

„По мечот со Полска не заспав 9 часа. Примит толку многу закани, навреди за членови на моето семејство, пораки во кои пишува дека се надеваат дека моите деца ќе умрат. Најмногу ми пречи она што се пишува за моите жена и деца. Јас давам се од себе за репрезентацијата, а тие не ми даваат ни дел од кредитите кои ги добиваат останатите играчи“ изјави Мората за шпанските медиуми.

Тој се осврна и на промашениот пенал против Словачка.

„Горд сум што шутирав, затоа што никој друг не се осудуваше. Погледнав и видов дека никој не сакаше да го изведе. Шутирав и голманот одбрани, и што сега? Светот не пропадна. Касилјас, Реина и Раул ми дадоа поддршка и ми рекоа да не им придавам важност на критиките. Можеме да отидеме до самиот крај. Ако тоа не се случи потпишувам дека нема да одиграм ниту минута повеќе. Не дојдов овде да глумам ѕвезда, туку да го освојам европскиот трофеј“ вели Мората.

Scroll to Top