Top Sport

Роналдо е сопственик на најскапиот „Ролекс“ на светот

Мегаѕвездата на Јувентус и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо е дел од одбраната група на клиенти која го поседува најскапиот часовник „Ролекс“ во историјата – „Rolex GMT Master Ice“.

Часовникот според британскиот таблоид „Сан“ чини околу 371.000 фунти, најмногу бидејќи е направен од 18-каратно „бело“ злато, а покрај тоа има и 30 карати бели дијаманти.

„Совршена фузија на екстравагантен луксуз и технолошка иновација“, стои во описот за часовникот.

Сепак, сумата не значи многу за Роналдо, кој минатата година стана првиот фудбалски милијардер. Тој исто така беше и спортистот кој заработил најмногу за време на пандемијата на корона вирусот, кога инкасираше 2.2 милиони долари само од објавите на Инстаграм. Во 2020 година, тој вкупно заработи 105 милиони долари, од кои 45 милиони долари од договорите со Најк, Алтисе и Хербалајф.

Scroll to Top