Пред стартот на осминафиналните дуели на необичното Европско првенство, интересна е анализата на тоа колку одредени репрезентации поминале во летови и „селења“ од еден крај на Европа до друг.
УЕФА реши ова ЕУРО да биде посебно по тоа што организацијата не беше доделена вообичаено на една земја, туку на повеќе нации низ целиот континент – од Глазгов до Санкт Петерсбург, преку Рим до Копенхаген.
Најголеми патници на ЕУРО дефинитивно се Швајцарците со неверојатни 11.700 поминати километри. Тимот на Владимир Петковиќ својот камп го имаше во Рим, првиот меч го одигра во Баку, Азербејџан против Велс, по што играше против Италија во Рим, а потоа се вратија во Баку за мечот со Турција.
И Швеѓаните се „патници“ со над 10 илјади поминати километри – од Гетеборг до Санкт Петерсбург и Севилја.
Најмногу им се „погоди“ на Англичаните, односно трите меча од групната фаза ги играа на „Вембли“, а таму ќе го играат и осминафиналето против Германија во вторник. Понатаму, тие во четврт-финалето би играле во Баку, но потенцијалното полуфинале и финале повторно би го играле дома на славниот „Вембли“ во Лондон.
MILES TRAVELLED BY LAST-16 NATIONS
Switzerland – 7,245
Sweden – 6,644
Wales – 5,382
Czech Rep – 4,995
Belgium – 4,824
Ukraine – 3,757
Portugal – 3,696
Austria – 3,495
Croatia – 1,828
Spain – 1,530
France – 1,173
Holland – 1,111
Italy – 898
Germany – 572
Denmark – 395
England – 0— Phil Cadden (@pjcadden) June 24, 2021